Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Красе Трајковски (51) од кумановската населба Ајдучка Чешма, градежен работник кој пред еден месец падна од скеле на објект во населбата Илинден, вчера им подлегна на повредите на една од скопските клиники.
Повредениот работник близу еден месец беше во кома, а во подобрување на здравствената состојба не помогнала ни сложената операција на главата. Тој имал и сериозни повреди на белите дробови и скршеници на ребрата и на други делови на телото.
Несреќата се случи на 26 јули околу пладне, додека Трајковски заедно со своите колеги работел на на изградба на старачки дом во населбата Илинден и паднал од скеле во висина од 3,8 метри. Очевидци кажуваат дека тој ја привршувал работата и требало да оти на пауза. Бил наведнат и кога се исправил изгубил рамнотежа, се превртел преку скелето и со главата удрил во песок. Успејал да стане и рекол дека не му е ништо, но истиот момент почнал да крвави од носот и паднал во бессознание.
Со возило на Итна медицинска помош бил однесен во Ургентен центар Скопје, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на лекување. На телото е извршена обдукција и се очекува резултатите да покажат која е причината за смртта. Несреќата била пријавена во полиција која работи на расчистување на случајот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk