Почина и четвртото момче од БМВ-то што падна од надвозник

15.06.2015 15:40 | KumanovoNews

Зијадин И. (17) од селото Опае, e четвртата жртва во страотната сообраќајна несреќа што се случи минатата недела на улицата “11 Ноември„, кога автомобил БМВ - кабриолет падна од надвозникот на автопатот Куманово-Табановце, при што загинаа тројца гимназијалци.

Почина и четвртото момче од БМВ-то што падна од надвозник

 Единствениот преживеан Зијадин, со тешки повреди беше пренесен во Клиничкиот центар во Скопје каде завчера им подлегнал на повредите.

Во несреќата на лице место загинаа Ваљон М.(17) и Егзон Ш.(17) од Куманово, а Исуф А.(18) од Липково им подлегна на повредите во кумановската болница. Возачот на цистерната М.Т.(45) поминал со полесни повреди.

Сообраќајката се случи минатиот вторникот, на денот на започнување на летниот распуст, во 16.40 часот кога од непознати причини автомобилот БМВ, кој го управувал Ваљон М. додека се движел кон центарот на градот изгубил контрола и  удрил во заштитната ограда. Автомобилот слетал на коловозот и паднал на цистерна која се движела по автопатот.

 Сите патници во БМВ-то биле гимназијалци во трета година, кои пополаднето подолго време се возеле во автомобилот низ градот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk