Почина и жената повредена во вчерашната сообраќајка

09.11.2013 09:34 | KumanovoNews

Л.С..(38) од селото Брзак им подлегна на повредите задобиени во вчерашната сообраќајна несреќа што се случи во близина на Агино село на автопатот Куманово-Скопје.

Почина и жената повредена во вчерашната сообраќајка

Како што дознаваме, жената починала доцна синоќа во болница во Скопје. Нејзиниот сопруг, Марјан.С.(39), кој го управувал автомобилот загинал на лице место.

Тешката сообраќајна несреќа се случи вчера околу 16 часот, кога автомобилот венто, во кој се превезувале двајцата сопружници поради неприлагодена брзина излетал од патот и удрил во брегот на автопатот, неколку пати се превртел и преминал на спротивната коловозна лента и удрил во друго возило.Повредите биле фатални за двајцата.

Марјан работел во АРМ.

                                                                               (фото архива)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk