Почина народниот херој Мара Нацева

01.07.2013 14:25 | KumanovoNews

Денеска во својата 94 година од животот почина Мара Нацева Дрљевиќ,  последен народен херој во Република Македонија.

Почина народниот херој Мара Нацева

Мара Нацева е родена во 1919 година во Куманово.Во 1936 година станува член на СКОЈ, а во 1939 година на КПЈ. Поради учество во штрајкувачкото движење мора да го напушти Куманово и заминува за Ниш, каде исто така се вклучува во партиските активности на КПЈ.

Од крајот на 1941 година е член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Во летото 1942 година е уапсена од бугарската полиција и е интернирана во логорот за жени кај Асеновград. Во март 1943 година во отсуство е избрана за организационен секретар на новоформираната Комунистичка партија на Македонија. Избрана е за делегат на АВНОЈ и АСНОМ.

Погребот ќе биде утре на градските гробишта во Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk