Почина новинарот Саше Димовски

06.08.2024 08:54 | KumanovoNews

Новинарот Саше Димовски почина на 47 години, по долги и тешки здравствени компликации.

Почина новинарот Саше Димовски

 Во новинарската кариера Димовски  известуваше за настави во правосудниот систем, беше претседател на Советот на честа на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), а неодамна беше именуван во Комисијата за помилување на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Работел во повеќе медиуми, меѓу кои и „Канал 5“, „Сител“, беше основач на порталот СВЕДОК.МК, како и соработник во повеќе медиуми во областа на правосудството.

Беше автор на голем број публикации од областа на правосудството и медиумите.

Погребот ќе се изврши утре на новите Градски гробишта во Велес.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk