Почина новинарот Стојан Тренчевски

08.02.2015 15:34 | KumanovoNews

Кумановецот Стојан Тренчевски, новинар, публицист и хуманист, почина денеска во Скопје во 60-тата година од животот.

Почина новинарот Стојан Тренчевски

  Како новинар на Македонското радио, Тренчевски  зад себе остави 20-тина напишани книги, стотици радио репоражи, филмови, интервјуа, фељтони, разговори.

Книгите „Нашата мајка“, „Скопјанката Мајка Тереза“, „По патиштата од детсвото на Мајка Тереза“ и филмот „Мајка“, чиј автор е Стојан Тренчевски, се преведени на италијански, англиски, шпански, германски, полски и на бенгалски јазик.

Тренчевски е основач и претседател на граѓанската Асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“ во Скопје.

Погребот ќе се одржи утре во 12.30 на Градските гробишта- Бутел.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk