Почина новинарот Столе Божиновски

30.11.2017 19:56 | KumanovoNews

Почина доајенот на кумановското новинарство Столе Божиновски.

Почина новинарот Столе Божиновски

Столе Божиновски е роден 1942 година во селото Довезенце, кумановско. По завршување на Учителската школа во Куманово првите години работи како учител, а подоцна својата професионална кариера ја продолжува како новинар во Радио Куманово и Наш весник, а работи и во Телевизија Куманово. Беше истакнат новинар-дописник од Куманово на весниците Вечерње новости, Политика, Експрес и Утрински весник.  

Со своето ангажирано новинарство секогаш се истакнуваше меѓу своите колеги. Имаше изострено чувство за состојбите во нашата средина и секогаш сакаше да укаже со добронамерна критика и одберени зборови за пофалба.

Даваше несебична помош и подршка за младите колеги кои започнуваа да чекорат во новинарството.

И како пензионер не го заборави новинарството, кое му остана љубов и работа до последниот ден. Пишуваше колумни за нашиот портал Кумановоњус и редовно известуваше за работата на Здружението на армиски и полициски ветерани.

 Времето на погребот дополнително ќе биде соопштено до семејството.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk