Почина пешакот што беше прегазен и оставен на тротоар

29.04.2012 16:11 | KumanovoNews

 Слаѓан Лазаревски (31) од Куманово, кој минатата сабота беше прегазен од автомобил на улицата Драган Стопаревиќ, денеска попладне им подлегнал на повредите.

Почина пешакот што беше прегазен и оставен на тротоар

 Настраданиот Лазаревски во саботат наутро во 3.15 часот тргнал на работа во бурекџилница, кога на стотина метри од неговиот дом бил прегазен и оставен неколку часа да лежи на тротоарот. Го пронашол случаен минувач, кој повикал Итна помош. Поради сериозноста на повредите на главата и на градниот кош, Лазаревски е префрлен во Ургентниот центар во Скопје. Таму 9 дена е приклучен на апарати и воопшто не се освестил.

Осомничен за прегазувањето на Лазаревски е градоначалникот на Старо Нагоричане. Тој истото попладне по несреќата, е приведен во полицијата, и против него се поднесени две кривични пријави за тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.



Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk