Почина писателот Драган Илиевски од Куманово

04.02.2015 11:57 | KumanovoNews

 Писателот Драган Илиевски од Куманово почина вчера во 53-тата година од животот, соопшти Друштвото на писателите на Македонија, јави Плусинфо.

Почина писателот Драган Илиевски од Куманово

Посмртните останки на Драган Илиевски ќе бидат погребани на градските гробишта во Куманово.

Драган Илиевски е роден во Куманово во 1961 година. Својот работен век го помина во градската библиотека „Тане Георгиевски“. Член на ДПМ беше од 1998 година.

 Драган Илиевски зад себе остави раскажувачки опус во кој за одбележување се збирките раскази „Потковица и апокалипса“, „Креда“ и „Двојна вратоврска“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk