Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Почина Бајрам Сулејмани, кој од 1989 до 1991 година ја извршуваше функцијата претседател на Собранието на Општина Куманово.
Сулејмани беше педагог, професор, новинар и публицист. Работеше како наставник во основното училиште „Бајрам Шабани“ во Куманово, потоа како новинар во локалното радио Куманово. Во периодот Од 2005 до 2018 година беше основач и директор на Регионалната Занаетчиска Комора.
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, упати сочувство до семејството на Сулејмани.
„Во име на граѓаните на Општина Куманово и во мое лично име упатувам искрено и длабоко сочувство до семејството Сулејмани, со благодарност за неговото значајно општествено делување. Нашиот град ќе се сеќава на неговите заложби и постигнатите резултати во развојот на локалната самоуправа и општествената заедница“, напиша Димитриевски.
2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk