Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На 84-годишна возраст вчера почина Добривоје Стошиќ, професор по српски јазик и книжевност во пензија и долгогодишен и посветен активист на српската заедница во Македонија.
Добривоје Стошиќ е роден 1937. година во село Света Петка - Кленике. Средно учителско училиште завршил во Врање, српски јазик и книжевност дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, а специјални студии завршил на Филолошкиот факултет во Белград.
Својата професионална кариера ја почнал во 1958 година во Основното училиште „Светозар Марковиќ“ во Старо Нагоричане, а ја продолжил како професор по српски јазик во ОУ „Вук Караџиќ“ во Куманово се до пензионирањето во 1999 година. Професорот Стошиќ е долгогодишен активист во српските здруженија. Повеќе од десет години ја водеше Српската заедница во Куманово, беше претседател на Српската заедница во Македонија, член на главниот одбор. Автор е и рецензент на многу книги, и учебници на српски јазик, а работел и како судски преведувач на српски јазик.
Погребот е денеска во 15 часот на Градските гробишта во Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk