Почина првоборецот Душан Јовановски

11.03.2014 15:33 | KumanovoNews

Претседател на Сојуз на борци Куманово, Душан Јовановски, синоќа почина во 90 - та година од животот.

Почина првоборецот Душан Јовановски

Јовановски на позиција претседател на Сојуз на борци Куманово, беше последниве 2 години. Тој е учесник во НОБ, а потоа активно се вклучил во општествено-политичкиот живот на градот.  Работел како технички директор во крзнарата “Илинден“ , а последниве 15 години беше мошне активен во боречката организација.

Јовановски денеска беше погребан на градските гробишта во Куманово.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk