Почина шестмесечно бебе од Куманово од компликации од мали сипаници

08.02.2019 15:30 | KumanovoNews

Шестмесечно бебе од Куманово утрово починало на Клиниката за инфективни болести од компликациите предизвикани од мали сипаници.

Почина шестмесечно бебе од Куманово од компликации од мали сипаници

„За жал утрово на Клиниката за инфективни болести почина едно шестмесечно бебе кое имаше морбили. Имаше компликација на белите дробови, а тоа е детенце кое е невакцинирано. Претходно се лекувало на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, а потоа префрлено на Клиниката за инфективни болести. За жал лекарите не можеа да се справат со компликацијата“, изјави министерот Венко Филипче.

Тој додаде дека добро е што над 60 отсто од невакцинираните деца по почетокот на епидемијата се вакцинирале и повторно повика родителите да ги вакцинираат децата.

На Инфективна имало уште две деца со сериозни компликации, но се во стабилна состојба.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk