Почина уште еден пациент од коронавирус, вкупно пет во Куманово

05.04.2020 16:17 | KumanovoNews

Пaциент од Куманово денеска починал од компликации предизвикани од коронавирус во болницата „8 Септември“, соопшти министерот Венко Филипче.

Почина уште еден пациент од коронавирус, вкупно пет во Куманово

- Уште едно лице од Куманово во болницата „8 Септември“ во Скопје е починато, потврден е за позитивен на вирусот КОВИД-19 на 1 април,- соопшти Филипче.

 Пациентот бил на 56-годишна возраст.

Со ова, во денешната статистика се евидентирани 5 починати лица од КОВИД-19 од Куманово.

 Досега почина 77-годишен пациент кој бил хоспитализирани во исклучително тешка состојба, потоа пациент на 70- годишна возраст со хипертензија и срцева слабост. Најмладиот е четириесет ипетгодишен кумановец, а првата жртва е 57-годишна жена.

 Куманово е прво по бројот на смртни случаи во државата, втори се Дебар и Струга со по 4 починати, Скопје 3, Тетово и Велес по 1 починат од коронавирус.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk