Почина велосипедистот кој вчера беше прегазен на ул. „11 Ноември“

06.08.2022 21:20 | KumanovoNews

Повозрасен кумановец вчера попладне им подлегнал на повредите добиени од удар на товарно возило додека бил на велосипед.

Почина велосипедистот кој вчера беше прегазен на ул. „11 Ноември“

Несреќата се случила вчера околу 11 часот на ул.„11 Ноември“ во Куманово, кога товарно возило „фусо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.Ќ.(48) од Скопје, удрило во велосипед управуван од И.М.(81) од с.Лопате, кумановско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, кој по укажаната помош во болницата во Куманово, бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што во 17.45 часот починал.  Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

(фото.архива)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk