Почина жена откако и изгоре куќата

26.07.2018 09:10 | KumanovoNews

Седумдесет и едногодишна жена го загуби животот во пожар, кој синоќа ја пеплосал нејзината куќа.

Почина жена откако и изгоре куќата

Трагедијата се случи во 20.40 часот,  во м.в. „Студена Вода„ во населбата Добрешане, откако се запалила куќата на М.Л.(71).

 Од здобиените повреди при пожарот, жената починала.

Пожарот бил изгаснат од страна на екипа од Територијалната противпожарна единица Куманово.

Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk