Kумановец починал откако паднал и ја повредил главата

27.09.2024 16:33 | KumanovoNews

 Кумановец вчера попладне починал откако се здобил со сериозни повреди на главата, предизвикани од пад.

Kумановец починал откако паднал и ја повредил главата

„М.Д.(47) од Куманово, вчера попладне пред стадионот на ФК „Башкими“ на ул.„Братство Единство“ во Куманово, паднал и со главата удрил во земјената површина, по што неговиот брат и полициски службеници го пренеле во болницата во Куманово за укажување помош. Откако му била укажана помош, М.Д. бил приведен, затоа што за него имало судска наредба за приведување, по што бил препратен во Комплексот клиники во Скопје. По наредба на јавен обвинител од ОЈО Куманово, телото на починатиот било дадено на обдукција. Случајот во СВР Скопје било пријавен од лекарите во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје“, соопшти МВР.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk