Починал додека напасувал добиток

13.10.2016 15:27 | KumanovoNews

 Повозрасен маж вчера починал во атарот на селото Пчиња додека напасувал добиток.

Починал додека напасувал добиток

Несреќата се случила околу 13 часот додека Б.С. (76) од Скопје преминувајќи ја реката Пчиња, му се слошило и паднал во водата. Од страна на лекар констатирана е природна смрт. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово. Со согласност на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk