Починал мигрант кој пред една недела бил најден во бессознание на улица во Куманово

16.12.2021 14:31 | Сузана Николиќ

Во Општата болница во Куманово утринава починал мигрант со непознат идентитет, кој пред една недела бил пронајден во бессознание на улицата „Никола Тесла“ во Куманово.

Починал мигрант кој пред една недела бил најден во бессознание на улица во Куманово

Случајот за смртта на мигрантот бил пријавен во СВР Куманово во 8.25 часот.

„На 9 декември годинава на улицата „Никола Тесла“ во Куманово мигрантот бил пронајден во бессознание и префрлен во Општата болница Куманово за понатамошно лекување“, соопштува кумановската полиција.

Екипа од СВР Куманово презема мерки за утврдување на идентитетот на починатото лице и расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk