Починал на улица откако му се слошило

23.01.2017 14:29 | KumanovoNews

 С.И.(74) од Куманово денеска претпладне починал на улица, откако добил срцев удар.

Починал на улица откако му се слошило

Несреќата се случила во 11.30 часот, на улицата ЈНА во близина на поранешната фабрика ЧИК. Старецот излегол од дома и додека се движел по тротоарот паднал. Случајните минувачи веднаш повикале лекар од блиската амбуланта, но лекарот и медицинските лица не успејале да му помогнат, бидејќи не давал значи на живот. Била повикана Брза помош, но лекарите констатирале смрт. Увид на лице место извршила екипа од СВР Куманово.

По извршениот преглед од лекар-мртвопроверител било утврдено дека станува забор за природна смрт, престанок на работата на срцето и другите витални органи, без знаци на насилство или повреда задобиена од пад.

Од Обвинителството во Кумановои ги отфрлаат изнесените информациите дека човекот починал од задобиени повреди по пад на заледениот тротоар, и случајот го затвориле.       

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk