Во кола со прострелна рана пронајден жител на Никуштак

05.08.2022 22:12 | Сузана Николиќ

 Жител на липковското село Никуштак ноќеска бил пронајден со прострелна рана и без знаци на живот во неговиот автомобил на крстосницата помеѓу скопските села Радуша и Свиларе.

Во кола со прострелна рана пронајден жител на Никуштак

Полициските службеници од Сарај го пронашле лицето со повреда од огнено оружје во 01.40 часот во патничко возило „рено меган“ со пробни регистарски таблички.

„По преземени мерки било утврдено дека станува збор за А.А.(39) од с.Никуштак, општина Липково. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт“, соопштува МВР. 

По наредба на Јавен обвинител, телото било предадено на обдукција. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk