Почна есенското пријавување на пчелини семејства

16.10.2013 08:36 | KumanovoNews

 Од вчера почна есенското пријавување на пчелни семејства  кое ќе трае до 1 ноември.

Почна есенското пријавување на пчелини семејства

Пчеларите ќе треба да пријават колку пчелни семејства поседуваат во Ветеринарната станица.

 Со пријавувањето ќе се види колку пчелни семејства зазимиле пчеларите. Од 15 април до 1 мај пак ќе има пријавување на пчелни семејства за да се види бројната состојба. Со тие документи производителите на мед ќе аплицираат за добивање на субвенции за следната година - вели Бранко Тасевски, претседател на пчеларско здружение “Пчела„.

Од регистрираните кумановски пчелари 64 земаат субвенции и поседуваат минимум 35 пчелни семејства.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk