Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во сите основни и средни училишта на територија на општина Куманово, започна грејната сезона.
Најголем дел од училишните згради се затоплуваат на нафта, неколку објекти се приклучени на гасоводна мрежа, а повеќето селски училишта се загреваат на дрва.
“Заедничкиот објект на училиштата “Браќа Миладиновци“ и “Крсте Мисирков“, Гимназија “Гоце Делчев“ и централното училиште „11 октомври„ се загреваат на гас. “Перо Наков“ се загрева на нафта, но многу скоро може да помине на гас. Паралелките кои учат во објектот кај Соколана се грејат на дрва, но тој објект ќе се реновира и со тоа ќе се смени и системот на греење “ - вели Миле Стојменовиќ, раководител на сектор за образование во општина Куманово.
Засега директорите во секторот за образование не пријавиле никакви проблеми. Грејната сезона почнува на 15 октомври и ќе трае до 15 март.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk