Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во високобразовната институција „Еуро Колеџ“ во Куманово, денеска започна академската година за дваесет и втората генерација студенти.
Новите студенти се запознаа со начинот на кој ќе се одвива наставата и со обврските кои ги очекуваат во текот на нивните трогодишни студии. На новите студенти им се обратија професорите и административниот персонал на колеџот исто како и директорот на установата Љубиша Петрушевски, кој истакна дека тие сме презадоволни од интересот за студирање на Еуро Колеџ кој во континуитет трае веќе повеќе од две децении.
„Она што е карактеристично за оваа година исто како и за претходната е зголемениот интерес за студирање за двојна диплома, која колеџот ја нуди во партнерство со британскиот државен универзитет - Лондон Метрополитен Универзитет. Ние имаме околку дваесетина наши сограѓани кои работат ширум Европа а кои се одлучуваат да студираат за двојна диплома преку Еуро Колеџ. Досега имаме запишано четири пати повеќе студенти за двојна диплома отколку пред 6 години кога за првпат започнавме со ваква двојна програма. Тоа покажува дека студентите се повеќе се свесни за можностите која ваквата опција им нуди на пазарот на трудот не само во земјата туку и насекаде во светот, а општо е познато дека дипломата од Англија, заедно со американската, се смета за најценета диплома во високото образование на светско ниво“, кажа деканот Петрушевски.

Тој додава дека интересот за двојната диплома е како резултата на факт дека многу наши сограѓани веќе работат за странски компании кадешто ваквата квалификација е високо вреднувана.
„На тој начин се потврдува како исправна нашата визија која ја имавме уште од 2003 година дека е добро да студираш дома а да добиеш квалификации од врвни меѓународни образовни системи. Уписите за Еуро Колеџ и Лондон Метрополитан Универзитетот ќе траат до средината на октомври, и сите кои се заинтересирани можат да се јават за информации на колеџот“, додаде Петрушевски.

2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk