Почна новогодишното украсување на Куманово

21.12.2015 13:25 | KumanovoNews

Новогодишното украсување на градот започна вчера и утре градот ќе биде во ново празнично руво.

Почна новогодишното украсување на Куманово

Од јавното претпријатије „Куманово-паркинг“ велат дека оваа година градот ќе биде поубаво украсен од претходните години. На плоштадот ќе биде поставена нова елка, а старата елка ќе го краси кејот.

Ќе се украси плоштадот Нова Југославија и другиот плоштад пред Центарот за култура и денеска треба да се заврши “Народна револуција“. Цел ден вчера и цела ноќ се работеше на украсување на град. Освен централното градско подрачје украсени се булевар “Октомвриска револуција“, “Трета МУБ“, “11 Октомври“, “Доне Божинов“ и исто така ќе се украсува и кејот на градот. На плоштадот ќе биде поставена фонтана и нова елка. Се надеваме дека Куманово ќе добие нов сјај бидејќи претходните години бевме критикувани - изјави Фадиљ Шабани, директор на „Куманово-паркинг“.

За украсувањето на тендер е избрана фирмата “Линк Медиа“ од Скопје, а за украсувањето ќе бидат потрошени 1.5 милиони денари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk