Почна обновата на документи за родителски додаток

12.01.2021 11:13 | KumanovoNews

 Центарoт за социјална работа Куманово започна со обнова на документи за родителски додаток за трето и четврто дете.

Почна обновата на документи за родителски додаток

Правото на родителски додаток за трето дете се однесува на сите корисници кои со ова право се стекнале заклучно со 23.03.2020 година.

„Документите можат да се поднесат до 31.03.2021 година а потребно е освен барањето бр 5. да се достават следните документи. Лична карта на носителот на правото на увид, доказ дека не и е одземено родителското право на мајката над децата од претходниот ред на раѓање-издаден од надлежниот суд, доказ за вршење на задолжителните вакцинации на детето за кое се остварува правото, потврда дека детето за кое се остварува правото е запишано и редовно ја следи наставата во основно училиште, издадена од установата во која е запишано“, - соопштуваат од Центарот за социјални работи.

Корисниците на правото кои живеат на територија на Општина Куманово документите требаж да ги достават на шалтерите во просториите на Детска заштита каде можат да го добијат и барањето.

Корисниците на правото кои живеат на територија на Општина Липково документите треба да ги достават во канцелариите на Службата во Општина Липково, додека корисниците на правото кои живеат на територија на Општина Старо Нагоричане документите треба да ги достават во канцеларијата на Центарот во Општина Старо Нагоричане.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk