Почна реконструкцијата на пругата Куманово - Бељаковце

03.03.2014 09:30 | KumanovoNews

Од селото Клечовце, вчера почна реализацијата на проектот за реконструкција на железничката пруга на Коридорот 8, делницата Куманово - Бељаковце.

Почна реконструкцијата на пругата Куманово - Бељаковце

Во рамки на проектот ќе се реконструира пругата од Куманово до Бељаковце во должина од 30,8 километри, а по целата траса до границата со Бугарија ќе се изградат 3 железнички станици, 6 стојалишта, повеќе надвозници, подвозници, изградба на мост на Пчиња, обновување на постојните мостови.

Најголемиот дел од пругите во Македонија се направени пред повеќе од сто години за време на отоманската империја. На пример, железничката пруга Скопје - Гевгелија е изградена 1873 година, а железничката пруга од Скопје до Табановце во 1887. Од тогаш па наваму многу малку е инвестирано во изградбата и рехабилитацијата на железничката инфраструктура во нашата држава - вели премиерот Никола Груевски.

Првата фаза од проектот чини 46 милиони евра, втората ќе изнесува 145 милиони евра, а за третата фаза ќе се користат средства од Европската банка за обнова и развој, од Европската инвестициона банка и од ИПА - фондовите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk