Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На психијатриското одделение во Општа болница Куманово, од втората половина на декември започна со работа Центарот за депресија.
Двајца психијатри еднаш неделно им се на располагање на граѓаните кои имаат проблеми со своето психичко здравје. За посета и добивање на стручна помош во Центарот за депресија, не е потребен упат и закажување, единствено треба да се носи здравствена книшка.
“Пола од пациентите кои јас и колегата ги среќаваме во работното време се депресивни, но за Центарот за депресија граѓаните сеуште не знаат, не се информирани. Се спомна два - три пати на вести дека ќе се отвараат Центри за депресија, но тоа не е доволно. Кога граѓаните ќе бидат запознаени и посетеноста ќе биде поголема“ - вели Виолета Поповска, психијатар.
Центарот за депресија требаше да биде сместен во Здравствен дом, но поради немање на адекватни услови истиот засега функционира во Општа болница Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk