Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Над 45 дечиња го посетуваат Центарот за ран детски развој „Сонце“, кој се наоѓа во училиштето во населбата Иго Тричковиќ.
Во него престојуваат дечиња од 3 до 6 години по три часа дневно во адаптирани и уредени простории.
„ Во Центарот се врши згрижување, воспитување и едуцирање на децата од предучилишна возраст. Во едукативна средина детето ќе добие добра основа за понатамошен успех во училиштето. Дечињата ќе следат скратена програма од градинките, а престојот е бесплатен. Очекуваме дека ќе се зголеми бројот на деца кои ќе го посетуваат центарот“- велат од општината.
Свеченото пуштање во употреба на Центарот е закажано на 15 мај.
Проектот го реализира општината Куманово и УНИЦЕФ во неколку училишта во населбите каде што нема детски градинки
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk