Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во просториите на Центар за јавно здравје почна со работа советувалиште за одвикнување од пушење.
Во првите два месеци на одвикување ќе се работи со здравствените работници, а по 20 август истото ќе можат да го направат и граѓаните.
- Ќе практикуваме групна метода за работа со 4 до 6 луѓе пушачи и ќе се обидеме да им помогнеме доколку покажат желба да се откажат од пушење. Ако има потреба ќе биде применета и индивидуална метода. Во екипата ќе има лекар и медицинска сестра, а по потреба ќе се ангажира и психолог и социјален работник. Пушењето е една од водечките причини за смртност и инвалидност така што создава големи трошоци за општеството. Целта е оние луѓе кои сакаат да се откажат, а чувствуваат дека тоа тешко им оди да видат дека има методи во светот разработени и тие ќе се применуваат и кај нас - изјави Марјан Денковски, раководител на одделение за социјална медицина во Центар за јавно здравје.
Советувалишта за одвикнување од пушење ќе функционираат во сите Центри за јавно здравје во државата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk