Почна собирањето потписи за решавање на сообраќајниот хаос

10.06.2013 08:30 | KumanovoNews

На неколку локации во градот од денеска започна собирањето потписи за поставување на лежечки полицајци на булеварите Октомвриска револуција и Трета МУБ, како и изградба на кружен ток на „црната„ раскрсница.

Почна собирањето потписи за решавање на сообраќајниот хаос

Иницијативата за петицијата ја покренаа повеже групи на граѓани на социјалните мрежи, по последната сообраќајната несреќа во која загина осмооделенката Теодора Цветковска.

Сите граѓани кои сакаат да бидат заштитени во сообраќајот треба да се потпишат. Во повеќе кафиќи и ресторани можат да го дадат својот потпис. Денеска и утре од 9 наутро до 21 часот има два пункта, на плоштадот и кај Комитет. Ние сакаме да собереме што повеќе потписи за да побараме од градоначалникот и од полицијата повеќе да се ангажираат за да се постават знаци, лежечки полицајци кои ќе не заштитат како пешаци - изјави Нина Веселиновска, која е ангажира за собирање на потписи.

Граѓаните и даваат поддржа на петицијата и се жалат дека  во нивното опкружување се вози многу брзо.

 Срамота е тоа што се прави со мотори сега во лето. Никаде нема полиција ,не знам каде е. Да има кај шеталиште полиција постојано. Од тие мотори од бучава не се седи - вели Ѓорѓи Клековски, граѓанин.

Граѓаните сметаат дека строги  казни ќе придонесат возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk