Почна судењето за „бомбите„ на Заев во Куманово

04.10.2016 14:37 | KumanovoNews

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, денеска седна на обвинителна клупа во Кумановскиот суд по приватна тужба на генералниот секретар на ГРОМ и поранешен висок функционер на СДСМ, Виктор Цветковски, за објавување на прислушуваните разговори во бомбите.

Почна судењето за „бомбите„ на Заев во Куманово

Покрај Заев за неовластено снимање и објавување на снимените материјали обвинети се и СДСМ како правно лице и претседателот на кумановскиот огранок на СДСМ Мартин Костовски, пренесува сдк.мк.

Пред судот Заев и Костовски се изјаснија дека не се виновни за делото кое се товарат.

Бранителот на тужителот побара од судот обвинетите да се прогласат за виновни и да се казнат затоа што со објавување на прислушуваните разговори на Цветковски му нанале штета на угледот како политичар и адвокат и му предизвикале непријатности во секојдневниот живот, а пред се го прекршиле неговото основно човеково и граѓанско право гарантирано со Уставот.

 Да се прецизира во тужбата дали ќе одговара СДСМ како правно лице или двајцата обвинети како политичари, како и да се проверат роковите за поднесување на тужбвата, бидејќи постои релативна застареност на поднесување на пријавата, побара адвокатот на Заев и Костовски  .

„Не може Заев да одговара за СДСМ и башка да одговара за себе. Или тој како граѓанин ќе одговара или правното лице“, рече адвокатот Мирослав Вуиќ.

На рочиштето, иако беше предвидено, не беше преслушана содржината на објавеното цеде со „бомбата“ како доказен материјал, поради технички проблеми, бидејќи зафатен беше лаптопот за друго судење.

Наредното рочиште е закажано во ноември, кога треба да се сослушаат четворица сведоци.

Цветкоски ги тужи високите функционери на СДСМ заради објавување на разговорите меѓу него и поранешната министерка Гордана Јанкуловска каде се договараат за обезбедување гласови на ВМРО-ДПМНЕ меѓу двата круга на локалните избори во 2013 година во Куманово.

Тој претходно поднел тужба до Специјалното јавно овинителство, но му била отфрлена.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk