Почна учебната година за 17.000 ученици во Куманово

02.09.2013 08:37 | KumanovoNews

За повеќе од 17.000 ученици во основните и средните училишта во Куманово денеска започна новата учебна година.

Почна учебната година за 17.000 ученици во Куманово

Во 16 основни училишта на настава тргнаа 11.400 ученици, а во 5 средни училишта околу  6.500 ученици. Во прва година се запишани околу 1550 ученици, а првачиња има околу 1170.

За првачињата денеска во училиштата беше организиран свечен прием.

Како и секоја година се организира приредба бидејќи тоа е посебен ден за нашите првачиња и мора да се одбележи. Тој ден останува во сеќавањето на првачињата. Од тие први впечатоци зависи и целата перцепција  понатаму за школувањето. Приредбата ја подготвија децата кои се шесто одделение заедно со наставничките - вели Елизабета Костадиновска Костиќ, помошник директор во ОУ“Браќа Миладиновци“.

Во ова училиште годинава се запишани 102 првачиња.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk