Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На локалитетот Црквиште, кај село Клечовце започнаа годинешните археолошки истражувања.
На терен работат археолози од Музеј Куманово, а проектот е поддржан од Министерството за култура. Ископувањата целосно ќе ги откријат контурите на големата ранохристијанска базилика, за која се претпоставува дека датира од 5 век, a постои и втора фаза на градење на црквата која постоела до 11 век. Од особено значење е хронолошки да се дефинира егзистирањето на населбата која својот живот го започнала уште во римскиот период односно во 2-3 век од н.е.
Црквиште има извонредна можност за развој на културниот туризам бидејќи во близина се наоѓа и локалитетот Кокино. Првите истражувања на локалитетот Црквиште започнаа во 2001 година и во помал обем се изведуваа до 2004 година.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk