Почнаа пожарите на отворено, вчера двапати горела сува трева на иста локација

01.07.2020 06:46 | KumanovoNews

Поради високите температури започна сезоната на пожари на отворено. Во текот на вчерашниот ден биле регистрирани два пожари на на иста локација во населбата Карпош.

Почнаа пожарите на отворено, вчера двапати горела сува трева на иста локација

Според информацијата од Територијалната противпожарна единица(ТППЕ), првата била близина на паркин плацот на туристичката агенција Јоцо Турс, во период од 14.20 до 15часот. Интервенирале со 1 ПП возило и 3 пожарникари. Причината за пожарот не е позната.

„Втората интервенција повторно беше на истата локација на опожарена сува трева во период од 17,15 до 18 часот каде ППЕ интервенираше со 1 ПП возило и 3 пожарникари. Причина за пожарот - човечки фактор“, - информираат од ТППЕ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk