Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од денеска, во Центарот за социјални работи, граѓаните ќе можат да поднесуваат барања за отпис на долгови. Потоа комисија ќе одлучи кои барања ќе бидат прифатени.
Апликантите ќе потполнат барање со основни податоци, име и презиме за себе и за брачниот другар и каков вид долг имаат. Со себе треба да носат лична карта и лична карта на брачниот другар. Граѓаните ќе треба да потпишат изјава со која ќе дадат согласност за државните институции да можат по службена должност да ги набават сите други потребни документи.
Ќе се отпишуваат долгови настанати заклучно со 31 декември 2013 година за потрошена електрична енергија, топлинска енергија, за кредитни картички, пречекорувања на трансакциски сметки и потрошувачки кредити, како и долгови за радио дифузна такса. Долговите треба да бидат неплатени подолго од една година и за нив да не е почната постапка за наплата.
Со мерката ќе бидат опфатени корисниците на социјална помош и постојана парична помош, невработени лица кои активно бараат работа подолго од 12 месеци и лицата кои се изложени на социјален ризик поради смрт на брачен другар, инвалидност или потешка болест настанати во последните пет години.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk