Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Почнувајќи од оваа сабота СДСМ Куманово ќе го реализира проектот “Отворен ден со СДСМ“ на кој граѓаните ќе можат да ги кажат своите поплаки и проблеми.
Од партијата велат дека со проектот граѓаните ќе можат да се вклучат во креирањето на идните политики.
По тој повод, ние секоја сабота ќе организираме “Отворен ден“ со СДСМ Куманово со почеток од 11 до 14 часот. За време на овие 3 часа, секој граѓанин без разлика на своите убедувања, етничка или верска припадност, ќе ја има можноста да разговара со претставници на највисокото општинско раководство на партијата, да поставува прашања, проблеми или да дава насоки. Ние сакаме да ги слушнеме сите предлози за да ги понудиме најдобрите решенија за сите нас - изјави Мартин Костовски, претседател на СДСМ Куманово.
Со овој проект социјалдемократите сакаат да покажат дека СДСМ е партија отворена за сите и секого.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk