Почнуваат обуки за дефицитарни струки

14.08.2012 11:25 | KumanovoNews

 Невработените преку Агенцијата за вработување можат да следат обука за странски јазик или за дефицитарни струки како што се агрозаварувачи, сметководители, угостители и други занимања.

Почнуваат обуки за дефицитарни струки

Штом јавниот повик ќе излезе во весник, невработените можат да се пријават зависно што ги интересира. Има англиски, германски и турски јазик, а можат да бидат практиканти или да се обучуваат за дефицитарни струки. Обуките ќе траат три месеци и невработените ќе добијат сертификат. Часови по странски јазик ќе има еднаш неделно. Работодавачот нема обврска невработените да ги задржи на работа. Ова е втор циклус од ИПА фондовите. Вакви обуки имаше во јануари - велат од Бирото за вработување.

Дел од обуките ќе бидат во Куманово, дел во Скопје, а угостителите ќе се обучуваат во Крушево.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk