Почнуваат уписите во средните училишта

17.06.2019 07:47 | KumanovoNews

 Во четирите средни училишта во Куманово, за  учебна 2019/20 година слободни се 2.584 места, за упис на ученици во прва година.

Почнуваат уписите во средните училишта

Во средните училишта денеска и утре е првото пријавување за запишување ученици во прва година средно образование во новата учебна година во јунскиот уписен рок.

Ранг-листите со резултатите од запишувањето и слободните места од првото пријавување ќе бидат објавени на 19 јуни. Второто пријавување и запишување на учениците е на 24 и 25 јуни, а третото  на 1 јули.

СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ ГИМНАЗИЈА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

Во прва година ќе се запишат 374 ученици во 11 паралелки (340 учени­ци во 10 паралелки со настава на македонски јазик и 34 ученици во 1 паралелка со настава на српски јазик) според наставните планови и програми за:

Гимназиско образование – 374 ученици, 11 паралелки.

СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ ГИМНАЗИЈА „САМИ ФРАШЕРИ“

Во прва година ќе се запишат 272 ученици во 8 паралелки со настава на албански јазик според наставните планови и програми за:

Гимназиско образование – 272 ученици, 8 паралелки.

СРЕДНО СТРУЧНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „КИРО БУРНАЗ“

Во прва година ќе се запишат 510 ученици во 15 паралелки (374 ученици во 11 паралелки со настава на македонски јазик и 136 ученици во 4 паралелки со настава на албански јазик) според наставните планови и програми за:

Земјоделско-ветеринарна струка - 238 ученици, 7 паралелки,

Хемиско-технолошка струка – 102 ученици, 3 паралелки,

Лични услуги - 102 ученици, 3 паралелки,

Машинска струка - 68 ученици, 2 паралелки.

СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „ПЕРО НАКОВ“

Во прва година ќе се запишат 714 ученици во 21 паралелка (340 уче­ни­ци во 10 паралелки со настава на македонски јазик и 374 ученици во 11 паралелки со настава на албански јазик) според наставните планови и програми за:

Економско-правна и трговска струка - 442 ученици, 13 паралелки,

Текстилно - кожарска струка - 272 ученици, 8 паралелки.

ОПШТИНСКО СРЕДНО ТЕХНИЧКО УЧИЛИШТЕ „НАЦЕ БУЃОНИ“

Во прва година ќе се запишат 714 ученици во 21 паралелка (340 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик и 374 ученици во 11 паралелки со настава на албански јазик) според наставните планови и програми за:

Електротехничка струка - 340 ученици, 10 паралелки,

Здравствена струка - 170 ученици, 5 паралелки.

Во Липково во новата учебна година ќе се запишат 136 ученици.

СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „ИСМЕТ ЈАШАРИ“

Во прва година ќе се запишат 136 ученици во 4 паралелки со настава на албански јазик според наставните планови и програми за: гимназиско образование - 136 ученици,  4 паралелки.

Конкурсот на Министерството за образование и наука обезбедува 35 690 ученички места, од кои 24 581 на македонски наставен јазик, 10 123 на албански наставен јазик, 952 на турски наставен јазик и 34 на српски наставен јазик.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk