Почувствуван нов земјотрес во земјава, епицентарот повторно во Драч

27.11.2019 16:48 | KumanovoNews

 Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, денеска  регистрирaше земјотрес, чиј епицентар потекнува од соседна Република Албанија, од подрачјето на Драч на растојание 170 km југозападно од Скопје.

Почувствуван нов земјотрес во земјава, епицентарот повторно во Драч

„Најсилен до сега од оваа серија е земјотресот во 15 часот и 45 минути со локална Рихтерова магнитуда 5.3 и беше почувствуван на целата територија на Републиката“,- соопштуваат од сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според досегашните податоци земјотресот е почувствуван со интензитет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала во западните делови на Републиката (Охрид, Струга, Дебар, Гостивар, Тетово), III-IV степени во Скопје, Кичево, Битола,Ресен според истата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk