Почувствуван земјотрес помеѓу Свети Николе и Штип

29.03.2023 11:15 | Сузана Николиќ

Земјотрес со јачина од три степени утрово е регистриран помеѓу градовите Свети Николе и  Штип.

Почувствуван земјотрес помеѓу Свети Николе и Штип

Според информациите од  Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е регистриран на 72 км источно од Скопје,  кој потекнува од епицентралното подрачје Свети Николе - Штип.

„Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи утринава во 2.41 часот со Рихтерова локална магнитуда M L 3.0 и интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Штип и околината“, соопштуваат од Сеизмолошката опсерваторија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk