Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод Меѓународниот ден на младите, ЛК СДММ Куманово, организира акција „Подари книга - подари образование“.
Собраните книги и литература ќе бидат подарени на социјалните центри или домовите за деца.
„Една од основните вредности на социјалдемократијата е солидарноста, па затоа по повод Недела на младите нашиот Локален Клуб организира акција за собирање на едукативен материјал, односно книги за социјално загрозените деца. Целта на оваа акција е да им овозможиме на семејствата кои не се можност самите да набават литература која ќе им биде од корист во текот на учебната година, тоа да го сториме ние. Ги повикуваме сите хумани граѓани вечерва пред Центарот за култура со почеток од 18 часот да донираат книги кои во текот на неделата ќе бидат донирани во Центарот за социлани работи Куманово, училишните библиотеки или домовите за деца, - вели Мартин Захариев, претседател на ЛК СДММ Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk