Поделена облека на децата питачи

28.10.2014 11:29 | KumanovoNews

Вработените од Центарот за социјални работи и Црвениот Крст Куманово,  поделија облека на децата питачи затекнати на улица.

Поделена облека на децата питачи

Облека добија осум деца на улица на возраст од 5 до 12 години, претежно од ромска националност.

“Гардеробата им беше поделена на децата кои беа затекнати на улица, како превентивна мерка. Тие беа пресреќни што добија гардероба. Укажано им е дека не смеат да питачат и еве уште еднаш да им кажеме на родителите дека ако повторно бидат затекнати на улица ќе им биде поднесен предлог за одземање на родителско право, а децата ќе бидат сместени во установа“ - рече Елизабета Ангеловска, социјален работник во Центар за социјални работи Куманово.

Овие контроли на терен и предавања во училиштата се одржуваат за да се спречи питачењето на децата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk