Поделени 6000 заштитни маски на жени во рурални средини

13.10.2020 08:39 | KumanovoNews

Коло на српските сестри и хуманитарното здружение „Мајка“, од јули годинава започна со имплементација на проектот „Жените против вирусот ковид-19“, преку кој се поделни заштитни маски во руралните средини во општина Куманово.

Поделени 6000 заштитни маски на жени во рурални средини

Со проектните активности се опфатени жени од 15 села и тоа: Биљановце, Добршане, Љубодраг, Умин Дол, Ново Село, Черкези, Романовце, Клечовце, Стрезовце, Лопате, Пчиња, Студена Бара, Табановце, Горно Којнаре и Речица, како  и населбите Средорек и Бараки.

 Целта на проектот е преку создавање на систем за неформална едукација граѓаните на Општина Куманово да се заштитат од вирусот ковид-19.

- Потикнати од пандемијата со вирусот ковид-19 сакавме да им овозможиме на жените од рурални средини и жените од ромските населби соодветна заштита. За таа цел сошиени се 6 илјади и испечатени 3 илјади флаери на македонски, албански, српски и ромски јазик, за заштита и правилно користење на маски. На секоја жена и беа поделени по 2 маски и лифлет. Амбасадата на Велика Британија ни додели и повеќе сликовница за учениците од 1-5 одделение со упатства како да се заштитат децата, кои ги делевме во селата, а истовремено по неколку примероци оставивме и по училиштата, -  вели Живка Христовска, кординатор на проектот.

Досега активности се спроведени во 14 населени места до крајот на месецот ќе се спроведат уште во 3 села, а доколку има маски ќе се опфатат уште 2 нови села.

Проектот е финансиски поддржан од Амбасадата на Велика Британија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk