Поделени пакетчиња на педесетина Ромчиња

25.12.2014 14:38 | KumanovoNews

Од Ромскиот младински центар поделија новогодишни пакетчиња на 50 ромски деца, кои потекнуваат од социјално - загрозени семејства.

Поделени пакетчиња на педесетина Ромчиња

Се работи за деца згрижени во градинката “Анѓел Шајче“ и деца кои  посетуваат настава во основното училиште “Христијан Карпош“.

“Оваа година почнуваме и се надеваме дека и следната година ова ќе биде традиција. Да им дадеме можност на овие деца од посиромашни семејства да се радуваат на новогодишната атмосфера и на Дедо Мраз. Целта ни е да ги опфатиме децата кои се социјално загрозени и родителите не можат да им пружат многу“ - изјави Анифе Себединовска од Ромски младински центар.

Децата се израдуваат на подароците и на Дедо Мраз на кого му рецитираа и пееја песнички.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk