Поделени пакетчиња во Центарот за ран детски развој

25.12.2015 14:18 | KumanovoNews

Ромскиот младински центар во соработка со Тинекс денеска подели пакетчиња за децата во Центарот за ран детски развој, во основното училиште „11 Октомври“.

Поделени пакетчиња во Центарот за ран детски развој

Поделени беа педесет пакетчиња на деца од ромска националност, за да и тие ја почувствуваат новогодишната еуфорија и радост.

Знаеме дека децата од овие семејства, од социјално ранливи категории сакаат да ја чувствуваат таа радост, Дедо Мраз да дојде кај нив и да им подари пакетчиња и како маргинализирани групи, како сиромашни семејства ги имаме во предвид и им ја даваме таа можност и овие деца да ја имаат таа радост - рече Анифе Себединовска, претседател на Ромски младински центар.

Оваа донација се реализира втора година по ред, а децата имаа можност да се сликаат со Дедо Мраз.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk