Поделени садници на месните заедници

15.03.2012 14:32 | KumanovoNews

 Триесет и седум илјади садници денеска беа поделени на претставници на месните зедници, основните и средни училишта, и невладини организации.

Поделени садници на месните заедници

Садниците на бел бор ќе бидат искористени за уредување на дворните површини по повод Денот на дрвото.

Ние обезбдеивме садници за сите кои имаа интерес да се пријават и да го оплеменат нивниот простор. Најголем интерес пројавија градинките, основното училиште „Кочо Рацин„, месната заедница Агино село, земјоделското училиште и неколку еколошки друштва, кои ќе ги делат садниците на граѓаните- вели Бобан Бојковски, инспектор по животна средина.

За училиштето во селото Лопате беа подигнати 400 садници за потребите на училишниот двот, но и за наставниците кои пројавиле интерес да ги уредат сопствените дворови.


 
Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk