Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Oд Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ криминал во координација со полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.А.(31) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено ловење, чување и отуѓување на диви животни“, по член 228, став 1 од Кривичниот законик.
Според МВР, по претходно добиени оперативни сознанија за незаконско чување на диво животно, преземени се мерки и активности, а по добиена судска наредба извршен е претрес на три локации на подрачјето на Куманово, со С.А. е извршен службен разговор и по насока на Јавен обвинител, од страна на СВР Куманово против него е поднесена кривична пријава.
Во врска со овој случај се преземаат и дополнителни активности во насока на целосно расчистување.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk