Поднесени 14 барања за проценка на штети

20.10.2015 08:11 | KumanovoNews

Во архивата на општина Куманово се поднесени 14 барања за проценка на штети, од поплавите кои го зафатија Куманово на 11 октомври.

Поднесени 14 барања за проценка на штети

Барања поднеле жители на улицата “Никола Тесла“ и од месната заедница Јоско Илиевски.

Штетите се однесуваат за поплавено земјоделско земјиште, куќи и помошни простории. Понатаму продолжуваме со стандардна процедура како при секоја поплава“- рече Цоки Ристовски, претседател на комисија за проценка на штети при општина Куманово.

Откако ќе заврши увидот на терен, ќе се направи извештај кој ќе треба да помине на седница на Советот на општина Куманово. Потоа извештајот ќе биде доставен до Владата за исплата на штети.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk