Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Граѓаните се должни во УЈП да поднесат Годишни даночни пријави доколку во предходната година оствариле приходи надвор од редовната плата или пензија.
„Сите кои во 2017 година оствариле приходи во земјата и од странство по основ на: награди, бонуси и други надоместоци од работен однос,кирии (издавање на имот - закуп или подзакуп), авторски права и права од индустриска сопственост, дивиденди, учество во добивката и камати по заеми дадени на физички и правни лица, капитални добивки од продажба на учество во капитал и недвижен имот, добивки од лотариски игри на среќа, електронски игри на среќа, наградни игри и интерактивни игри на среќа, во износ поголем од 5.000 денари (по поединечна добивка), приходи од игри на среќа преку специјализирани странски интернет страници, приходи од интернет (пр. е-трговија, услуги извршени преку специјализирани страни, поставување на реклами на сопствени интернет страни, прогнози - дојави на типови за спортски натпревари), лични примања од странство за активности поврзани со работењето во Република Македонија, работно ангажирање во амбасада, во меѓународна организација и други дополнителни видови на приходи, надвор од вашата редовна плата или пензија, - соопштуваат од УЈП.
Годишната даночна пријава (ПДД-ГДП) може да се преземе од веб страницата ujp.gov.mk.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk